Тешко повредена 21-годишна скопјанка, со „ауди“ излетала од патот
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во атар на село Глумово, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопштија од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
15.09.2025 - 16:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа