Силно се прозевал и си направил дупка во белите дробови
26 годишен Кинез толку интензивно се истегнал и зевал што успеал да си го пробуши едното белодробно крило. Господинот Оу од Вихана во кинеската провинцијата Хубеи си направил дупка во белите дробови, а докторите веруваат дека пресудниот фактор била неговата телесна градба - висок и исклучително слаб, пишува „Дејли Мејл“.
Момчето едно утро почувствувало длабока болка во градите, а кога таа станала се посилна заминал во блиската болница за помош. Таму веднаш утврдиле за што станува збор.
Овие повреди се ретки а обично ги погодуваат помладите мажи. Некогаш до ова доаѓа поради повреди или белодробни заболувања. Највообичаени симптоми е силна болка во градите. Најзагрозените се високите, слаби мажи.
Господин Оу е висок 175 сантиметри, што во Кина е надпросечна висина. Момчето тежи нешто помалку од 58 килограми. Лекарите велат дека по операцијата, Оу не би требало да има поголеми проблеми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа