Утре се будиме на минус четири - магла и облаци во текот на целиот ден

 

Времето утре во Македонија, особено на планините, ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. По котлините и речните долини ќе има магла и ниска облачност. Попладне ќе дува слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од четири до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо и со ниска облачност. Попладне ќе дува слаб северозападен ветер кој ќе придонесе за зголемување на видливоста. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

09.01.2014 - 16:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега