Во грчкото овошје и зеленчук откриени опасни пестициди

Во Грција откриени 27 различни опасни типови на псетициди, за кои е утврдено дека сериозно може да го загрозат човековото здравје. Соопшти грчката филијала на организација за заштита на животната средина Гринпис. 

Од организацијата потврдија дека поголемиот дел од пестицидите пронајдени во зеленчукот и овошјето се токсични и забранети во рамките на земјите од Европската Унија. Во морковот е откриен пестицидот линурон, кој е штетен врз човечките ембриони, како и врз репродуктивната способност на луѓето. Во јаболката се откриени мешавини кои содржеле меѓу три и девет вида пестициди, а кај крушите остатоци шест видови отровни супстанции.

Грција нема законска рамка со која потрошувачите би биле заштитени од ваквите производи, наведува Грипис, потсетувајќи дека според важечките грчки закони, може само да се изрече забрана за користење на одреден пестицид во траење до најмногу 120 дена.

најчитано сега