Лејди Гага отвара музеј посветен на Мајкл Џексон
Контроверзната Лејди Гага не престанува со своите изненадувања. Како што пишува таблоидот „Мирор“ , наводно Гага планира да отвори музеј посветен на починатиот крал на поп музиката, Мајкл Џексон.
Kолекцијата, која се проценува дека вреди 1,25 милион фунти, ја вклучува и кожената јакна што Џексон ја носеше во спотот за песната Thriller, како и белата ракавица украсена со кристали од "Сваровски".
“Ја купив облеката на Мајкл затоа што за мене лично алиштата што јас ги носам на турнеја ми значат повеќе од се бидејќи верувам дека ми даваат енергија. Затоа, кога по смртта на Џексон неговата облека почна да се распродава, се почувствував непријатно. Потрошив милиони за парчињата од колекцијата и добро се грижам за нив, навистина се зачувани. Парите од музејот што ќе го отворам ќе ги донирам во некоја од фондациите што му значеа на Мајкл” изјави пејачката за "Мирор".
Во музејот ќе биле изложени предметите кои му припаѓале на Џексон, а кои пејачкта ги собирала во текот на последните две години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа