Стипендија за македонски студенти за студии во странство - МОН објавува три конкурси

Во понеделник во печатените медиуми Министерството за образование и наука ќе објави три конкурси за академската 2014/2015 година за  стипендии во странство за македонски студенти.

Ќе има конкурс за стипендирање студии за тие што ќе запишат прв, втор или трет циклус на некој од првите 100 универзитети, односно првите 200 од областа на техничките науки, според последната објавена ранг-листа на универзитет Џиао Тонг од Шангај,  конкурс за прв или втор циклус на реномирани универзитети од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката, согласно со ранг-листата изготвена во соработка со македонското Министерство за култура, и конкурс за  доделување  стипендии за прв и втор циклус на студии од областа на филмската и музичката уметност на Академијата за филмска и телевизиска уметност (ФАМУ) во Прага. За ова денеска информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

-  Нивна обврска е по стекнувањето на дипломата, да се вратат и да работат во државниот или во приватниот сектор во Република Македонија, во период двојно поголем од времето поминато на студии, рече Ристовски.

За разлика од првите две категории, бројот на стипендии за прв и втор циклус на Академијата за филмска и телевизиска уметност (ФАМУ) во Прага е ограничен и годишно се доделуваат четири, согласно со   меморандумот за соработка кој е потпишан со таа установа.

Аплицирањето трае до 1 септември годинава.

11.01.2014 - 14:28
Фото: 
Радиомоф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега