Цеца: Осамена сум без момче
“Има многу луѓе кои поради болест немаат коса и воопшто немав проблем со тоа во најновиот спот да се појавам без коса и да бидам иста како нив, бидејќи има многу деца кои имаат комплекс поради тоа и сакав да ги охрабрам и да им докажам дека сите сме убави без разлика дали имаш коса или немаш” вели српската пејачка Цеца Ражњатович.
Таа додаде дека е осамена бидејќи веќе подолг период нема момче, но сепак се труди да биде среќна. Цеца признава дека оваа година повеќе ќе одмора и ќе посвети повеќе време на себе и на своето семејство па може ќе го најде својот идеален партнер.
"Кога имаш среќа имаш се, а јас умеам да бидам среќна и кога сум осамена"изјави пејачката.
Таа вели дека е фасцинирана од фактот дека луѓето на нејзините концерти се забавуваат на нејзините концерти и уживаат во нејзината музика е дека тоа е тоа што ја прави најсреќна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа