"Сакам да се дружам со момчиња" - хрватска мисица конечно проговори за елитната проституција

Хрватската манекенка и поранешна мисица Александра Грдиќ која кај нас е добро позната по реалното шоу „Преживеан“ после неколку години шпекулирање, конечно проговори за елитната проституција.

-За тоа толку се зборува, а јас можам само да речам дека тоа веќе стана бајка. Колку што се зборува, па јас тогаш веќе би имала 20 замоци, 50 „ферари“, три хотели и воопшто не би седела овде, туку би била на Малдивите – рекла манекенката  за РТЛ.

Таа рекла дека модниот свет не е толку блексав како што многумина мислат дека е.

- Можам да кажам дека многу луѓе ме разочараа, тоа е толку лицемерно, така што сето тоа е лажно кај нас, и дека сите се супер, а всушност, никој со никој не се сака, ретко кој сака да се шегува – признава 33-годишната Александра.

Манекенката откри дека сака да  се дружи со момчиња затоа што има многу заеднички интереси кои ги дели со нив.

12.01.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега