Што ќе се случува вечерва на Вевчанскиот карневал?

На Вевчанскиот карневал денеска ќе се одржи главното дефиле под маски.  И оваа година вевчанци ќе ја покажат својата дарба за хумор и сатира, а најавено е и оваа година посетителите да се насмеат со традиционалните маски Зет, Невеста и Глупавиот Август.

Претпладнево ќе се одржи детското катче за изработка на маски, а потоа ќе стартува дефилето под маски. Василичарите ќе се упатат кон посета на неколку домаќинства на вевчанци каде ќе можат да вкусат традиционални јадења и пијалоци. Потоа следуваат Акустичен концерт во Амфитетар, натпреварите во буткање рака, пиење ракија и јадење луканци...

Вечерва ќе биде прогласена најдобрата маска на карневалот за 2014 година. Посетителите ќе се забавуваат со Теодулија етно бенд и изведувачите на народни песни Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски и Сузана Спасовска.

Карневалот ќе заврши утре со традиционалното палење на маските.  

Вевчанскиот карневал се одржува под покровителство на Владата и Министерството за култура, а е потпомогнат и од повеќе компании. 

13.01.2014 - 08:40
Фото: 
vevcaniprojects.com

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега