ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Маглата останува!

 

Метеоролозите најавуваат магливо време со слаб ветер од јужен правец.

 Утринската температура ќе се движи од нула до два, а дневната од 4 до 9 степени.

Во скопската котлина денеска ќе има утринска магла, но, во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до пет степени.

 

Според  метеоролозите, времето ќе остане стабилно и суво и во наредните денови. Се очекува да има слабо воздушно струење и појава на утринска магла.

13.01.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега