Доделени Златните глобуси во Лос Анџелес

 

Филмот „ Американски измамници “ се закити со најмногу Златни глобуси на синоќешното доделување на престижните награди кои даваат добар увид кои се фаворитите за еминентниот Оскар.

Криминалистичката комедија во режија на Дејвид Расел освои три награди и тоа: награда за најдобра комедија или мјузикл, надобра актерка во комедија или мјузикл и најдобра споредна улога.

Филмот 12 години Роб  ја однесе победата во категоријата драми, Овој филм се темели на вистинска приказна за Афроамериканец кој е продаден во ропство во периодот пред американската Граѓанска војна.

Наградата за најдобар режисер ја освои Мексиканецот Алфонсо Куарон, чиј филм  „Гравитација“ стана вистински хит во кината ширум светот, а собра и одлични критики.

Најдобар драмски актер е Метју Меконахи  за улогата во филмот „Купувачите на клубот Далас“. Во категоријата најдобра драмска актерка победи Кејт Бланшет, играјќи ја главната хероина на филмот на Вуди Ален, додека пак наградата за најдобар актер во комедија или мјузикл ја освои Леонардо Ди Каприо за улогата на Џордан Белфорт во „Волкот од Вол стрит“, а во женска конкуренција победата ја однесе Ејми Адамса за улогата во остварувањето во „Американски измамници“.

Филмот „Frozen“, ја зема наградата за најдобар анимиран филм, а Златниот глобус за најдобар филм на странски јазик го освои италијанскиот филм „La Grande Bellezza“.

13.01.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега