Mлад скопјанец убиен во Сирија
Уште еден Албанец од Македонија е убиен во воените судири во Сирија, објавува Порталб. Според порталот, се работи за скопјанец Алим Османи.
Веста ја потврдиле од семејството на Османи, демантирајќи ги српските медиуми кои пренеле дека станува збор за Албанец од Урошевац.
Алим Османи во војната во Сирија се приклучил во јуни минатата година.
- Тој не беше дел од групите блиски на Ал Каеда. Се бореше рамо до рамо со силите на Војската за слободна Сирија.За жал не информираа дека неговото тело не можеме да го добиеме, изјавиле роднините на Алим, пренесува Порталб.
Османи на својот профил на Фејсбук, на 24. декември напишал „Мамо не плачи за мене зашто јас не се враќам повеќе, но моли го Бога за мене да бидат драг за него“.
Алим Османи е четврт Албанец од Македонија кој настрада во Сирија. Во мај минатата година загина 28 годишниот Расим Зеќири од гостиварско Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа