Пожарникар повреден во пожарот во хотелот „Црешово топче“

 

Локализиран е пожарот кој избувна во хотелот „Црешово топче“ во центарот на Пробиштип.

Според комадирот на ТППЕ-Пробиштип, Васил Митровски, пожарот најверојатно настанал од фритеза во кујната, а огнените јазици продолжиле кон оџакот со што изгорена е кровната конструкција и има големи штети на последниот кат од хотелот.

- Повреден е пожарникар,кој веќе е на пат за Кочани. Значи еден пожарникар од ТППЕ-Кочани и веќе го упативме за Кочани. Беше затруен од јаглерод моноксид од вдишување на часот, вели Митровски, пренесува МИА.

ПОжарот во „Црешово топче“ го гаснеа пожарникари и од соседните општини Штип, Кратово и Кочани. Најголем проблем за пожарникарите била несоодветно изградената кровна конструкција.

Командирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклиски вели дека веднаш реагирале и со специјалната опрема која ја имаат интервенирале на кровот за да го исечат лимот и изолацијата.

- Мислам дека стасавме навреме и успеавме да спасиме два ката од хотелот, вели Патраклиски.

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски вели дека „Црешово топче“ е еден од поголемите капацитети во општината. Тој најавува дека деновиве ќе биде понудена помош за санирање на штетите.

Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.

 

13.01.2014 - 14:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега