Изградба на пруги и автопати - реализираните капитални инвестиции во патната инфраструктура за 2013

 

Министерот за транспорт и врски, Миле јанакиески, денеска изјави дека продолжува инвестицискиот циклус во железничкиот сектор. Министерот ги посочи сите проекти во текот на минатата година меѓу кои се вбројуваат и изградбата и реконструкцијата на железничките пруги, како и подобрување на железничкиот превоз.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска давајќи осврт на сработеното најави дека и годинава продолжува големиот инвестициски циклус кога меѓу другото е планирано да започне изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце долга 30 километри. За реализација на проектот обезбедени се 46, 4 милиони евра. Паралелно со ова, се работи на обезбедување финансиски средства и за делниците од Бељаковце до Крива Паланка и од Паланка до границата со Бугарија.

Јанакиески посочи дека минатата година е завршен ремонт и на две железнички делници на потегот од Табановце до Гевгелија, а дополнително е планирана и модернизација на делницата Ногаевци-Градско-Кукуречани до Неготино.  

Минатата година е склучен и договор за набавка на 150 нови товарни вагони.

 

13.01.2014 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега