Нови телевизори со „клинеста“ форма - гледањето телевизија со Sony е сосема ново доживување

 

Оваа сезона палетата на BRAVIA телевизори со голем екран од Sony нуди прекрасна слика и врвен звук надополнети со уникатен дизајн. Понудата на 4K телевизори од Sony е збогатена со 3 серии составени од 7 модели, додека Full HD палетата вклучува 6 серии со 14 модели.

Квалитетот на сликата е приоритет за новите BRAVIA телевизори. Сликата е посветла и помоќна благодарение на технологијата X-tended Dynamic Range™, којашто го збогатува контрастот со светли акценти и поголема длабочина на црната боја. Од сите модели во серијата, телевизорот BRAVIA X95 нуди најдобар квалитет на сликата бидејќи е единствен модел што користи X-tended Dynamic Range PRО. Новата технологија троши помалку енергија со прецизно затемнување на заднинското осветлување кај потемните делови од сцената и дозволува до три пати повеќе електрична енергија за посветлите делови кога е потребно. Со уникатен алгоритам кој подржува таква ефикасност, X-tended Dynamic Range PRO овозможува многу поголема динамика на опсегот на осветленост. Со минимизирање на пропуштањето на светлина и управување со заднинското осветлување на секој дел од екранот, X-tended Dynamic Range PRO може да прикажува екстремно темни и екстремно светли сцени.

За сите љубители на спортот, 4K/60p е идеалниот стандард за гледање на содржини со брзи движења, а новите 4K телевизори од Sony ова најдобро го прикажуваат бидејќи сите поддржуваат најнови HDMI 2.0 стандарди. Овие телевизори исто така се компатибилни со MHL 3.0 и имаат нов декодер кој поддржува HEVC кодеци и може да емитува 4K/60p содржини преку интернет проследување.

Кај 4K моделите, резолуцијата е беспрекорно подобрена благодарение на моќниот 4K X-Reality™ PRO процесор без разлика на тоа дали се прикажуваат содржини во 4K или HD. Уникатни за Sony, екраните TRILUMINOS™ обезбедуваат поголема длабочина на бои, со слика која изгледа исто како во реалноста. Подеднакво квалитетно ќе бидат прикажани и фотографиите и видео записите снимени со најновите фотоапарати и камери од Sony кои подржуваат TRILUMINOS™ Colour.

Новата „клинеста“ форма е дизајнирана за да ја зголеми стабилноста на телевизорот во време кога екраните стануваат сè поголеми. Спуштање на центарот за гравитација на телевизорот надолу овозможува помала големина на основатаво споредба со обичните телевизори, што значи дека телевизорот многу лесно може да се смести спроти ѕид или на тенка маса. 

ТВ моделите со суптилната „клинеста“ форма дозволуваат многу поголем простор за звучниците со долг канал и Magnetic Fluid звучниците. Формата го зголемува капацитетот на кутијата на звучникот кој репродуцира моќен бас и овозможува помало изобличување на звукот. BRAVIA X9 го задржува сензационалниот звук кој е карактеристичен за предните Magnetic Fluid звучници кои се уникатни за Sony и обезбедуваат досега невидено чист и моќен звук со целосен опсег.

Некои од моделите имаат приклучна подлога која го рационализира спроведувањето на каблите, од конзоли за игри до Blu-ray Disc плеери - сите кабли за поврзување се уредно организирани на задната страна.

Застапена во речиси сите BRAVIA модели, “ClearAudio+” е аудио технологија која комбинира повеќе различни дигитални аудио технологии од Sony со цел добивање на висококвалитетен звук.

Заради дополнително подобрување на доживувањето при гледање телевизија на голем екран, Sony препорачува комбинирање на некој од новите BRAVIA телевизори со звучниците HT-CT770, HT-XT1 или пак безжичниот 

Прелистувањето на содржини е полесно со извонредно функционалниот и интуитивен нов BRAVIA интерфејс - One Flick Entertainment. Со едноставно повлекување на прстот нагоре може да се пристапи до менито со новиот “One-Flick”далечински управувач. Со движење нагоре и надолу, можете лесно и брзо да пребарувате најразлични содржини. Каналот во горниот дел се нарекува "Top picks" и ги прикажува најгледаните програми или видеосодржини на барање, фотографии и видео записи, како и препорачани содржини врз основа на навиките за гледање. Телевизорот се вклучува за помалку од две минути пренесувајќи ве директно до саканата содржина, додека апликациите како YouTube се вклучуваат побрзо од кога било досега. Комуникацијата со телевизорот е многу поинтуитивна со новиот One-Flick далечински управувач. Дури не мора ни да го насочувате далечинскиот управувач кон ТВ екранот - вградената NFC технологија овозможува слободна безжична врска со други мобилни уреди. Пресликувањето со еден допир веднаш го споделува она што е на екранот на паметниот телефон директно на големиот екран.

Целосно новото прегледување на социјалните мрежи со телевизорот овозможува уште поинтерактивно искуство кое може да се сподели, од следењето на твитовите додека се гледа телевизија, до комуникација со пријателите на Skype преку вградената камера и микрофон. Видео квалитетот при разговорите останува јасен дури и при слаба светлина, додека уникатната технологија на Sony за отстранување на ехото овозможува појасен разговор за сите.

Режимот за гледање на фудбал во живо создава чувство како да сте во центарот на акцијата за време на натпреварот, оптимизирајќи ја сликата и звукот за автентично искуство како да се наоѓате директно на стадионот гледајќи ги случувањата на теренот заедно со навивањето на публиката кое одѕвонува во ушите. Елегантниот нов интерфејс интегрира вести и новости од ФИФА. Со допир на едно копче може да се исклучи гласот на коментаторот овозможувајќи целосен фокус на акцијата без ништо друго да ви го одвлекува вниманието.

Со „PlayMemories Online" услугата на Sony за складирање слики во облак може да се прикачат слики и видео записи од паметен телефон, таблет или компјутер и лесно да им се пристапи преку телевизорот за да сепогледнат на голем екран со јасен 4K квалитет со 4K Ultra HD LED BRAVIA TV. Преку телевизорот исто така може да се пристапи и на интернет фото заедницата „500px“ за гледање и споделување на висококвалитетни 4K слики од целиот свет.

Новиот BRAVIA спектар на 4K Ultra HD и Full HD LCD телевизори од Sony ќе биде пуштен во продажба во Европа напролет оваа година.

 

 

13.01.2014 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега