Пожарникари извлекоа премрзнат маж од водите на Охридското Езеро

 

Струшките пожарникари синоќа го спасиле стружанецот Б.Џ. кој скокнал во водите на Охридското Езеро. Само што ја добиле пријавата, полицијата и пожарникарите се упатиле на терен.

- Случајот беше пријавен кај нас од страна на полицијата околу 17 часот и 40 минути, по што екипа од четворица пожарникари се упати на лице место. Дел од нив влегоа во водата и го извадија премрзнатиот човек, кој потоа со возилото на Брзата помош беше пренесен за да му се укаже соодветната помош, појаснува Минир Мамуди, пренесе МИА.

Засега не се знае мотивот за тоа зошто човекот се нашол во водата.

16.01.2014 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега