Две трудници се борат за живот - грипот создаде хаос на скопските клиники
67 годишна велешанка пред два дена почина од грип, а во тешка состојба се најмалку уште 50 лица. Меѓу заразените има и две трудници кои во тешка состојба и се борат за живот на интензивниот оддел, информираат од Kлиниката и Министерството за здравство, соопштувајќи дека кај првата жртва од грип бил потврден вирус од типот А (Х3Н2).
- Се зголемува бројот на пациентите со грип – од 100 хоспитализирани на клиниката, 50 се со грип, а кај нас се примаат тие во тешка состојба и со компликации. Сега двајца се на апарат за дишење. Во јануари имавме пет трудници заболени од грип, а две се с` уште на интензивна нега. Вирусот од типот А (Х3Н2) е присутен со години, а во сезона на грип може да даде потежок клинички израз отколку другите типови вирусна инфлуенца А, директорот на Kлиниката за инфективни болести, Ѕвонко Миленковиќ.
Досега се регистрирани 1.941 лица кои се заболени од грип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа