Интел со заработка од 20,9 милијарди долари во 2013та

 

Корпорацијата Интел денес објави годишен приход од 52,7 милијарди долари, оперативен приход од 12,3 милијарди долари, нето приход од 9,6 милијарди долари и заработувачка по акција од 1,89 долари. Компанијата заработила приближно 20,9 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 528 милиони повторно да купи 22 милиони акции на берзата.

 

„Имавме задоволителен четврти квартал со знаци на стабилизација во сегментот на компјутери и финансиски раст во споредба со минатата година,“ изјави Главниот директор Брајан Крзанич. „Поставивме цврста основа за нашето работење преку побрзо воведување иновација на пазарот преку најразлични платформи за процесирање. На пример, на Саемот за електроника прикажавме голем број уреди кои не беа во плановите на нашата компанија пред шест месеци.“

17.01.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега