Апсење во пазарна инспекција- „падна“ еден инспектор

 

Инспектор од Пазарната инспекција е уапсен попладнево дознава Пресс24 од неофицијални извори. Заедно со него е приведено уште најмалку едно лице но детали сеуште не се откриваат.

Нашите извори од истрагата кусо брифираат дека се работи за одредени уцени кои инспекторот со помош на други лица ги правел кон одредена компанија. Детали се очекуваат во текот на следните часови.

Акцијата е во тек, полициски екипи се пред Пазарниот инспекторат.

17.01.2014 - 16:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега