Се лизнале низ стрмнините на Пелистер - акција за спасување на планинари
Моментално е во тек акција за спасување на четворица планинари на планината Баба, во која е вклучен и хеликоптер на МВР. Според податоците на Регионалниот Центар за управување со кризи во Битола, четворицата се дел од група од шестмина планинари на возраст од 18-20 години кои, денеска се искачувале на планината Баба - Пелистер над Малото езеро, но поради лошите временски услови побарале помош од надлежните институции.
Двајца од планинарите се лизнале низ стрмнината и се здобиле со лесни повреди. Тие се пренесени во Клиничката болница во Битола.
17.01.2014 - 16:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа