За малку избегната трагедија: Пилот заслепен на скопскиот аеродром

 

Малку фалело да се случи трагедија на скопскиот аеродром Александар Велики, откако пилот на превозникот Визер бил заслепен додека слетувал на пистата. Како шо дознава Press24 од свои извори, попладнево околу 16 часот, пилотот на Визер во моментот кога го спуштал авионот на пистата во Скопје, се уште непознато лице почнало да му свети со ласер во очите. Ласерскиот зрак доаѓал од правец на селото Петровец. Пилотот за среќа останал присебен и усепал да го спушти леталото, па се поминало без проблеми. Случајот го пријавил во контролата на летање, која ја известила полицијата. Од МВР за Press24 го потврдуваат случајот и најавуваат мерки за негово расветлување.

17.01.2014 - 21:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега