Македонец загина под воз во Австралија
19 годишен Македонец вчера околу 6:15 часот по локално време загинал под воз во Австралија, јавува Фаланга. Според информациите на порталот, момчето зафинало во близина на станицата Кеон Парк во Мелбурн. Неговиот идентитет не се соопштува ниту пак во какви околности загинал. Не се знае дали се работи за несреќен случај или пак за самоубиство.
По несреќата, железничкиот сообраќај во тој дел бил затворен а полицијата вршела истрагал.
17.01.2014 - 22:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа