Со кујнски нож ги избодел мајката и братот - детали за инцидентот во Скопје
Вистинска семејна драма се одвивала во Ѓорче Петров. Според податоците, 35-годишниот скопјанец Д.Г. по расправија во семејната куќа започнал да крши дел од покуќнината, а потоа земал нож од кујната и ги нападнал мајката и братот.
Според информациите до кои дојде Канал 5, растревожените соседи велат дека во семејството претходно немало проблеми, се доека пред неколку месеци не се разболела мајката. Расправиите кулминирале кога синоќа скопјанецот земал кујнски нож и ги избодел мајката и братот кои завршиле во болница.
Скопјанецот ќе си заборави кривична за делото кое го направил.
18.01.2014 - 12:02
Фото:
А1.он
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа