Со закана со пиштол го собрал дневниот промет од "Сенатор" во Скопје

 

На улицата 11 Октомври во Скопје засега непознат и вооружен разбојник синоќа го ограбил казиното Сенатор.

Според информациите од полицијата, кражбата се случила на тој начин што разбојникот со закана со пиштол од вработената во казиното успеал да одземе околу 35.000 денари од дневниот промет.

Полицијата трага по сторителот.

18.01.2014 - 12:47
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега