Збеснат тетовчанец ја полил сопругата со врела вода
Тетовчанец си заработи кривична пријава поради семејно насилство.
Се работи за 37-годишниот М.А. од Тетово кој во својата семејна куќа започнал расправија со неговата 33-годишна сопруга А.А. која кулминирала кога збеснатиот тетовчанец во еден момент почнал да фрла разни предмети по неа, а на крајот ја полил со врела вода нанесувајќи и изгореници во пределот на раката.