Иако беше задоволна од нејзината „заоблена форма“ Адел реши да слабее
Една од најпознатите светски пејачки Адел секогаш била горда на својата „заоблена форма“, но сепак во последно време, медиумите јавуваат дека сака да ослабне барем за два конфекциски броја.
Пејачката пред се започна со диета поради здравствените проблеми, а потоа и поради нејзиниот изглед.
За да го задржи својот прекрасен глас, Адел претходно се согласи да ги остави цигарите. Според „The Sun“, 23-годишната пејачка многу се радува што успеала да ги остави цигарите.
Неодамна модниот дизајнер Карл Лагерфелд изјави:
"Хит сега е Адел. Таа има убаво лице и божествен глас, но е малку дебела", рече Лагерфелд.
Дали тоа е вистинската причина поради која пејачката започнала да држи диета се уште не знаеме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа