Бившата на Ајверсон бара список и броеви од сите жени со кои ја изневерувал

 

Поранешната сопруга на НБА ѕвездата Ален Ајверсон на денот на разводот побарала од него да ги каже имињата на сите оние со кои ја изневерувал.

Иако Ајверсон вели дека нивниот развод нема никаква врска со другите жени сепак таа не се откажува од поднесувањето на судските документи и упорно бара Ајверсон да ги наведе  имињата на сите девојки со кои спиел  додека тие биле во брак.

Првпат во јуни 2011 година, Тавана Ајверсон изјави дека нејзиното разделување од Ален е поврзано со тоа дека тој имал афера со друга жена.

Но Тавана овој пат строго бара комплетен список на љубовниците на нејзниот сопруг, заедно со телефонските броеви, како и датумите кога се состанувал со другите жени.

20.01.2014 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега