Велешко: 1.500 хектари ќе бидат понудени на оглас за давање под закуп
На оглас за давање под закуп државно земјиште во Велешко ќе бидат понудени околу 1.500 хектари.
Oва денеска го најави раководителот на Подрачната единица на Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостапанство Антонио Трајковски.
Владината програма за 2014 година предвидува во регионот на Велес да се изврши и продажба на околу илјада хектари земјоделско земјиште во државна сопственост.
Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека досега под закуп се веќе доделени 10.000 хектари обработливо земјоделско земјиште во државна сопственост и се склучени околу 500 договори со индивидуални сопственици.
- Пред два месеца беше објавен оглас за легализација на повеќегодишни насади, лозја и овоштарници, на кој се пријавија околу 400 апликанти од регионот на Велес, Чашка и Градско. Заклучно со декември 2013 година беа поднесени над 900 барања за легализирање трактори и приклучна механизација, информира Трајковски.
Според него, во велешката Подрачна единица досега се регистрирани 500 земјоделци кои аплицираат за субвенции по разни мерки. Бројката е задоволителна и ако се земе предвид дека 500 земјоделци се регистрирани и редовно плаќаат за пензиско и инвалидско осигурување индивидуални земјоделци.
Рокот за поднесување барања за користење субвенции за 2014 година почнува на 16-ти март, а завршува на 31-ви мај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа