"Џонсон Контролс" ќе овозможи 1.400 нови вработувања
Новиот објект на "Џонсон Контролс" денеска беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Никола Груевски, Петар Хеифт, генерален директор на ТРИМ групацијата „Џонсон Контролс“, амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.
Според премиерот Груевски, придобивките од оваа фабрика се големи и повеќекратни. Инвестицијата се проценува на околу 20 милиони евра, а е проектирана да вработува околу 1.400. Досеа над 900 граѓани од Штип, Пробиштип, Кочани, Велес, Свети Николе и другите околни градови веќе работат во новата фабрика. Џонсон Контролс внесе многу свежина во стопанскиот живот во Штип и околината. Почетокиот на работа на фабриката внесе и нова конкуренција во дејноста. Се покажа еден нов начин и организација на работа, се имплементираа високите стандарди за заштита и мотивација на вработените. Едноставно еден нов ветер во стопанството кој делува позитивно од секој аспект.
- Нашите напори досега се нотирани и забележани од сите меѓународни светски институции, агенции, весници и фондации кои ги следат економиите и економските параметри на земјите во светот. Неодамна уште една таква потврда пристигна од Фондацијата Heritage и етаблираниот њујоршки весник Волстрит журнал кои нашата држава ја рангираа на 43 место според индексот на економски слободи. Како што беше истакнато, Македонија е лидер на Балканот и пример за многу други земји во Европа. Според овој извештај Република Македонија е дваесеттата економски најслободна земја во Европа пред многу земји од Балканот, но и пред повеќе земји од ЕУ како што се Кипар, Шпанија, Полска, Унгарија, Словачка, Бугарија и Романија, посочи Груевски.
Генералниот директор на ТРИМ групацијата на Џонсон Контролс Питер Хеифт на отворањето на новата фабрика за тапацир и производство на навлаки за автомобилски седишта истакна дека Џонсон Контролс претставува глобална мулти индустриска компанија која што е докажана во автомобилската индустрија, градежништовто и индустријата за акумулатори.
- Ни претставува особено задоволство официјално да го отвориме нашиот нов објект во Штип. Сакаме да станеме член на локлната заедница. Оваа фабрика претставува важен дел од нашата европска производна мрежа што обезбедува високо квалитетни производи за нашите клиенти, производителите на автомобили, рече Хеифт.
Виктор Мизо истакна дека денеска по четири години од својата прва инвестиција светски реномираната компанија Џонсон Контролс ја отвори и својата втора фабрика во ТИРЗ зоната во Штип.
- За нас како дирекција на ТИРЗ зоните секојдневен приоритет е да го подобруваме впечатокот и по периодот на реализација на конкретната инвестиција односно целосна фокусираност кон подобрувањето и олеснувањето на работењето на компаниите и тоа на сите полиња од нивното дејствување. Џонсон Контролс на површина од 4,9 хектари изгради производствен објект со површина од 13.230 метри квадратни од кои делот за производство е 12.600 метри квадратни, рече Мизо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа