Нова странска инвестиција во Македонија - ќе се вработат 1.500 лица
Нова инвестиција годинава во Македонија. Американската корпорација „Амфенол“ е новиот странски инвеститор кој во првата фаза ќе вложи шест милиони евра и ќе вработи 1.500 лица во првите пет години од функционирањето на фабриката која ќе се отвори во Кочани.
Оваа инвестиција денска ја најави шефот на Владата, Никола Груевски, заедно со потпретседателот на американската корпорација „Амфенол“ и генерален директор на автомобилската групација при корпорацијата Џон Тренор. Тие нагласија дека корпорацијата има ангажирано 70 лицаза производство на автомобилски делови.
- Одлуката за инвестирање во Македонија е донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди земјава, добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции, но најмногу врз основа на поголемата бизнис клима, нагласи Тренор.
Премеирот изрази задоволство од новата инвестиција и посочи дека задоволството е уште поголемо затоа што Тренор посочил дека немало никакви пречки при реализацијата на инвестицијата.
Инаку, од предвидените 1500 вработувања, годинава ќе се остварат вработувања на 250 до 350 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа