Фармери од Македонија на Саемот за земјоделство во Истанбул
Во организација на Федерацијата на фармерите на Република Македонија и ТУЈАП ФЕРС, фармери од Македонија од денеска до сабота ќе бидат дел од земјоделскиот саем во Истанбул. Се работи 70 фармери кои ќе бидат дел од 8. Меѓународен саем за земјоделство и нивна механизација-AGRO EURASIA FAIR 2014 и 4. Меѓународен саем за сточарство и нивна опрема, живинарство и млечна индустрија EURASIA STOCK BREEDING 2014.
На саемот ќе биде презентирана земјоделска механизација и технологија, пластеници, производство на зеленчук, стакленици и нивна технологија за изградба, резервни делови за трактори, опрема за лозарство, опрема за берење на маслинки, систем за наводнување, земјоделски лекови, семе и саден материјал, цвеќарство, еколошко земјоделство, агро информатика, млеко и млечни производи, пестициди, вештачки ѓубрива и хранливи материи за растенија, пчеларство, сточарство, превентивна медицина за животни, технологија за молзење и живинарство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа