Македонските компании на најголемиот саем во Кина

Стопанската комора на Македонија и Кинескиот центар за надворешна трговија денеска потпишаа Меморандум за соработка со чија помош македонски компании ќе учествуваат на најголемиот кинески саем за широка потрошувачка „Кантон 2014“.

 Сакаме да видиме што повеќе македонски компании на Саемот преку кој ќе се промовираат во Кина и низ целиот свет. Македонија има што да покаже и понуди. Позната е по своите земјоделски производи, особено по виното кое е многу популарно, изјави директорот на Кинескиот центар за надворешна трговија Ванг Жипинг пред потпишувањето на Меморандумот и презентацијата на „Кантон 2014“ во Комората.

Инаку, саемот има 1,1 милион метри квадратни изложбен простор и над 55.000 штандови и учесници од  210 земји во светот. Кантон 2014“ ќе се одржува во неколку фази. На двата павилјона, националниот и меѓународниот, може да се најдат секакви производи, од областа на електрониката, електрични апарати за домаќинство, хардвер, алатки, машини, возила, резервни делови, градежни материјали, опрема за осветлување, хемиски производи, облека, обувки, медицински помагала,...

 

22.01.2014 - 12:52
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега