Нова инвестиција во Кочани - вработување на 1.500 лица

 

Нова странска инвестиција во Кочани. Се работи за инвестиција од шест милиони евра која ќе овозможи вработување на 1.500 лица, од американската компанија „Амфенол“ која отвори погон за производство на делови за автомобили.

Оваа голема инвестиција за кочанското стопанство беше тема на денешната средба меѓу градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски и генералниот директор Џон Тренор.

- Новата инвестиција за кочанското стопанство значи многу. Додека компанијата изгради сопствени простории ќе ги користи просториите на „Атом“ кои долги години стојат неискористени. Оваа браунфилд инвестиција ќе значи и вработување на невработени лица од Кочани и соседните градови, нешто за кое се залага и општината и Владата, истакна на средбата градоначалникот Ратко Димитровски.

Од своја страна, директорот на компанијата „Амфенол истакна дека годинава е планирано да се вработат од 250 до 350 лица.

- Производството на конектори и кабли за автомобилската индустрија ќе значи многу за компанијата,бидејки одовде од Македонија ќе се врши извозот и снабдувањето на европскиот пазар,истакна Тренор.

22.01.2014 - 14:17
Фото: 
Новини

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега