Владата поддржа 134 проекти во 72 општини за рурален развој

Владата поддржа вкупно 134 проекти во 72 општини преку Програмата за рурален развој. За ова денеска информираше заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски при посетата на Зрновци.

Во општина Зрновци, посочи, преку програмата за рурален развој се реализираат два проекти во вкупна висина од 11,5 милиони денари,од кои едниот е за изградба на плоштад во Зрновци во вредност од 5,4 милиони денари и изградба на фекална канализација во село Видовиште во вредност од 5,9 милиони денари. Двата проекта кои значат многу за општината Зрновци се пример на одличната соработка со градоначалникот и општионата, истакна Коњановски.

Според градоначалникот  Блаже Станков двата реализирани проекта се од огромно значење за Зрновци и Мородвис.

Инаку, заоваа цел се издвоени 1.045 милијарди денари што е највисока подршка досега за локалната самоуправа и по обем и по квалитет.

23.01.2014 - 12:27
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега