Капело останува селектор на руската репрезентација
Италијанскиот фудбалер Фабио Капело останува селектор на руската репрезентација до завршувањето на Мундијалот во 2018 година, откако потпиша нов договор со раководството на Рускиот фудбалски сојуз.
Капело на чело на руската репрезентација дојде во 2012 година на местото на Дик Адвокат. Под водство на Италијанецот Русија обезбеди настап на СП во Бразил годинава, што за оваа земја е прво учество на Мундијалите по 2002 година.
"Имаме големи амбиции и ќе направам се што е во моја моќ за руските навивачи да бидат среќни. Ќе се обидам да ја оправдам повторно укажаната доверба", изјави Капело по потпишувањето на новиот договор
Преговорите за продолжување на договорот на 67-годишниот Капело се одвиваа подолго време, а во убедувањето тој да остане на селекторското место беше вклучен и министерот за спорт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа