Џенифер Лопез и Питбул ќе го отворат светското првенство во Бразил
На овогодишното Светско првенство во фудбал што ќе се одржи во Бразил американските музички ѕвезди Џенифер Лопез и Питбул и бразилската пејачка Клаудија Леит ќе ги здружат силите за изведба на службената химна „We Are One“,.
“Тука сме да ги урнеме границите и да покажеме дека спортот и музиката се едно”, вели Питбул.
Леит од своја страна нагласи дека песната ќе ја покаже љубовта на Бразил кон „музичкиот и спортски ритам“.
“Музиката е мојата страст, а фудбалот е страст на Бразилците. Сакавме да ја покажеме страстната култура на нацијата. Моментално ја завршуваме песната”, додаде Леит.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа