Четворица на Ургентен по сообраќајката кај „Гоце Делчев“
Како што веќе објавивме, две возила утрово се искршија на крстосницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
Во сообраќајката учествувале два автомобили, „ГОлф“ и „Пежо 208“. Според информациите од полицијата, возачот и сопатникот од двете возила се пожалиле на повреди и биле пренесени во скопскиот Ургентен Центар.
Сеуште не е позната нивната здравствена состојба.
26.01.2014 - 11:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа