Поттикнување претприемништво кај студентите

Стопанската комора на Македонија и Студентскиот Парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организираат проект „Претприемништвото - иднина на студентите“, чија цел е промоција на претприемништвото и претприемачкиот дух кај студентите.

Со проектот, што ќе биде промовиран утре, ќе бидат опфатени околу 100 студенти од УКИМ. Ќе им помогне на младите претприемачи да остварат директни контакти со успешни бизнисмени од реалниот сектор, да стекнат потребни вештини и на тој начин полесно да се справат со предизвиците на пазарот на трудот.

26.01.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега