ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Подгответе се за многу снег

 

Во Македонија утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи снег. Според Управата за хидрометеоролошки работи на некои пониски места ќе врне дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел, дожд.

Врнежите во западните и јужните делови ќе бидат пообилни, локално над 20 литри на метар квадратен.

Како што информираaт УХМР, во поголемиот дел од земјата ќе се формира нова снежна покривка, позначителна во западните делови.

27.01.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега