Подгответе се за снег

 

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег, на некои пониски места од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Врнежите во западните и јужните делови ќе бидат пообилни (локално над 20 литри на метар квадратен). Во поголемиот дел од земјата ќе се формира нова снежна покривка позначителна ќе биде во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од минус два до пет степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до три степени. 

28.01.2014 - 08:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега