Пратениците ќе ја продолжат 82. седница

Пратениците денеска треба да ја продолжат 82. седница со гласање по Предлог–законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита во прво читање, за кој пратениците вчеравечер ја исцрпија расправата.

На дневен ред на седницата се и предлог-измените и дополнувањата на законите за вработување и работа на странци, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за социјалната заштита,  за агенциите за привремени вработувања, за јавните патишта, за градење, предлог-измените на законите за поштенските услуги и за заштита на сведоци (сите во прво читање), како и  Информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, поднесена од пратениците на опозициските партии во Собранието на РМ.

 

28.01.2014 - 08:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега