Уште едно крвопролевање во Облешево - момче се бори за живот на скопските клиники

 

25 годишниот Д.К. од селото Спанчево, општина Чешиново Облешево вчера заработил тешки повреди, откако добил удар со метална клешта по главата.

Крвавата пресметка се случила вчера околу 12 часот, кога по претходна расправија, насилник го удрил Д.К. со метална клешта.

Со тешки повреди и во безсознание, Д.К. бил пренесен на Одделот за хирургиија во кочанската Болница, но, поради сериозните повреди, бил префрлен на скопскиот Клинички центар.

Полицијата како осомничено лице го привела 39-годишниот Т.Н. Се работи на расветлување на случајот.

Жителите на кочанското село Облешево вчера ги потресе и семејна трагедија во која животот го загуби 55 годишниот Благојчо Ѓ. Тој бил вработен во средното техничко училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, како стручен наставник по машински предмети и пракса.

Благојчо се расправал со својата 48 годишна сопруга, која во еден момент се збеснала, земала метална цевка и го удрила својот сопруг во главата. Жената во паника ги повикала Брзата помош и полицијата, но, тие само ја констатирале смртта кај нејзиниот сопруг.

28.01.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега