Келнерите бегале во нива, гостите трчале дома - охриѓанец полуде во ресторанот „Свети Наум“

 

31 годишен охриѓанец си заработи кривична пријава, откако на 19-ти јануари направил хаос во ресторанот „Свети Наум“. Тој тепал со лопата, се заканувал со нож и успеал да избрка цел автобус бугарски туристи. 

Кавгата настанала на 19-ти јануари околу 15:30 часот, кога охриѓанецот М.Т., изреволтиран поради кавгата помеѓу гости од Бугарија и неговиот родител, почнал да крши прозорци, чаши и инвентар. Тој зел и лопата и го нападнал сопственикот на ресторанот. 

Кратко потоа, бесниот охриѓанец зел нож од шанкот и почнал да им се заканува на гостите, кои веднаш избегале. М.Т. тогаш го нападнал келнерот, кој успеал да избега во правец на околните ниви. Охриѓанецот не престанал да беснее, па земал тегла мед и фрлил кон автобусот со бугарски туристи, кој тргнал да го напушти местото.

Од охридската полиција велат дека М.Т. им е добро познат и против него веќе неколку пати биле поднесувани кривични пријави.

28.01.2014 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега