Мртов маж во хотелска соба - се предозирал со вијагра

39 годишен маж вчера околу 14 часот е пронајден мртов во хотелска соба во близина на Бујановец, Србија. Како што јавуваат српките медиуми повикувајќи се на полициски извори, 39 годишниот Станко С, од Ниш, најверојатно починал како последица на предозирање со вијагра. Станко дошол во хотел да ја посети сопругата која таму рабтела како келнерка. По неколку часа го пронашл мртов во хотелската соба. Полицијата веднаш ја исклучила можноста да станува збпр за убиство, бидејќи на неговото тело немало траги на насилство. Лекарите претпоставиле дека најверојатно зел пилули за потенција многу повеќе од дозволеното.

28.01.2014 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега