Оваа песна ќе ја пее Даниел вечер на X-Factor

 

Во вечерашната епизода на популарниот музички натпревар „Икс-фактор“ следуваат многу изненадувања за гледачите. Во ревијалниот дел на натпреварот хрватската пејачка Јелена Розга ќе се претстави со спектакуларен настап, кој специјално го подготви за оваа пригода, а покрај неа ќе настапи и нејзината колешка, популарната Дорис Драговиќ.

Маид Хеќимовиќ најави дека во вечерашниот „лајв“ ќе исполни емотивна балада од групата „Тути фрути“, а неговиот колега од групата на Жељко Јоксимовиќ, Даниел Кајмакоски, ќе се претстави со песната „Counting Stars“ од групата „One Republic“. А што ќе пеат преостанатите финалисти ќе имаме можност да видиме во денешната епизода на „Икс-фактор“.

28.01.2014 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега