Јакимовска: ВМРО - ДПМНЕ ја намали невработеноста за 10%

Светлана Јакимовска, пратеник во Собранието на Република Македонија на денешната прес -конференција истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја намалија невработеноста за цели 10 проценти и дека и во иднина ќе се работи на ова поле и овој процес нема да запре.

Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, истакна, ги поздравуваме активните мерки на Владата на Република Македонија преку оперативниот план, во кои се најавени вработувања на над 4.000 лица за 2014 година.

- Првата мерка е наменета за субвенционирање на вработување на млади лица до 29-годишна возраст со завршено високо образование во 2012/2013 година. Во оваа категорија ќе се вработат 50 лица на кои државата во рок од три месеци ќе им доделува 13.000 денари, додека работодавецот ќе биде задолжен овие лица да ги задржи на работа најмалку 6 месеци, појасни Јакимовска, додека втората мерка предвидува вработувања лица врз основа на нивните вештини во рамки на секторот транспорт. За едно лице да се вработи во овој сектор, посочи, ќе треба да има положено за возачка дозвола категорија Ц и тоа најмалку две години. На овие лица ќе им биде обезбедена и бесплатна обука за полагање на Д категорија. Овие лица ќе бидат вработени од страна на државата во рок од три месеци.

Третата мерка од оперативниот план се однесува на обука кај познат радотодавач. Оваа мерка, истакна Јакимовска, ги опфаќа активните баратели на работа при што приоритет ќе имаат лица до 29 години и лица помеѓу 50 и 59 години. Со оваа мерка работодавачот три месеци ќе зема субвенции од 5.700 денари од државата за секој вработен, а негова обврска ќе биде на работа да задржи 50 проценти од лицата кои ќе се вработат. За овие лица ќе се издвојува месечна плата од 13.000 денари, а работодавачот е должен да ги задржи на работа уште 12 месеци.

- Среќни сме што денес, како преку овие мерки така и останатите, илјадниците отворени работни места кои се резултат на директните странски инвестиции многу граѓани денес работат и заработуваат за себе и за своите семејства, истакна пратеничката на прес-конференција.

28.01.2014 - 13:54
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега