По петти пат поразен Кожуф во БИБЛ лигата

 

Тимот на Кожуф го претрпе и петтиот пораз во низа во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ), откако е совладан пред својата публика од Балкан со 68:73 (по четвртини 19:13, 17:14, 13:21 и 19:25).

На средбата одиграна вечерва во Гевгелија, а во рамки на 11.коло на БИБЛ лигата, кошаркарите на Кожув, иако се до 37 минута ја имаа предноста во своја полза, сепак го претрпеа севкупно шестиот пораз во ова натпреварување.

Димират Караџовски кој постигна 22 поени, беше најефикасен на натпреварот, но и единствениот играч на Кожуф со двоцифрен број поени, а без поддршка од останатите не можеше да му помогне на својот тим да избегне нов пораз.

На спротивната страна, Чалмерс со 21 и Врбанов со 20 поени беа нерешлива енигма за тренерот Марјан Србиновски и неговите избраници.

Во рамки на колото утре ќе се игра натпреварот меѓу Балкан и Сигал Приштина.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување Куманово, својата средба од оваа рунда против црногорската екипа Теодо ќе ја одигра на домашен терен на 18 март.

Табела: Левски 7-3 (победи-порази), Галил Гилбоа 7-2 , Куманово 6-4, Сигал Приштина 6-3, Крајова 4-6, Кожув 4-6, Пеќ 4-5, Балкан 3-5 и Теодо 1-8. 

28.01.2014 - 20:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега