Дачиќ и Тачи предложени за Нобелова награда за мир

Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент ги предложија високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон и премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи за Нобеловата награда за мир.

Како што објавува електронското издание на „Јуроактив“, Предлог Дачиќ и Тачи да бидат номинирани за оваа престижна награда пред околу еден месец даода и членови на албанското лоби во американскиот Конгрес.

- Напорите за нормализирање на односите на двете страни создаваат можност за долготраен мир и соработка, се посочува во писмото на Групата на социјалистите и демократите до претседателот на Нобеловиот комитет, Торбјорн Јагланд.

29.01.2014 - 09:46
Фото: 
Кирилица

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега