ВИДЕО: ДВД изданието на „Волкот од Волстрит“ со подолги секс сцени

 

Ако три часа со Џордан Белфорт и неговите лудости не ви се доволни, тогаш можете да ја гледате четиричасовната ДВД верзија на филмот која ќе се појави на пролет.

Продуцентите открија дека Скорсезе оригинално предвидел и снимил четиричасовна верзија, но 60 минути од материјалот се скратени за потребите на кино дистрибуцијата.

Тие најавија дека ДВД верзијата ќе содржи подолги дијалози меѓу Леонардо Ди Каприо и Маргот Роби, а поголема „минутажа“ добиле и сцените со секс. 

29.01.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега