Парацетамолот е опасен за дечињата?

Парацетамолит кој го има во речиси секое домаќинство е опасен за децата. Истражувачите од Упсала универзитетот во Шведска спроведоа истражување за последиците од користењето на овој лек и дојдоа до заклучок дека тој остава последици врз развојот на мозокот, како и дека може да биде опасен за бремените жени и новороденчињата.

Tестирањето извршено врз глувци покажало дека употребата на парацетамол доведува до хиперактивност, влијае врз когнитивните способности и меморијата.

Истражувачите ги предупредуваат родителите да внимаваат кога им даваат лекови на децата.

29.01.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега